Skip to main content
Балкан

Србија: Повеќе од 500 парчиња оружје исчезнале од полициската станица во Дољевац

25/09/2025  20:20

Повеќе од 500 парчиња оружје исчезнале од простории на полициска станица во српскиот град Дољевац (15 км југозападно од Ниш), јави Н1. Според нив, исчезнато е нелегално оружје што граѓаните, по наредба, ѝ го предале на полицијата. Станува збор за функционални пушки, пиштоли како и муниција.

Медиумот и изворот наведуваат дека не се знае кога е исчезнато оружјето, дали има осомничени и како е тоа направено.

МВР не одговара ниту на барањето на Н1 за тој случај.

Од полициска станица во Ниш во 2023 година исто така исчезна оружје и се води судски процес против еден полицаец и тројца блиски на него лица. Тоа оружје завршило на црниот пазар.

Според медиумите, обвинетите се товарат само за три пиштоли што биле пронајдени, иако многу повеќе биле исчезнати, наведува Н1.