
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, поднесе оставка по синоќешниот пораз од Албанија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Стојковиќ беше селектор на српската репрезентација од 2021 година. Србија го претрпе вториот последователен пораз (претходно загуби од Англија со 5:0 во септември).
Албанија има 11 бода и е втора во Групата К. Србија е трета со 7 бода.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.