Skip to main content
Балкан

Србија: Маж загина откако при грабеж фрижидер паднал врз него!

10/02/2025  17:58

Непознат маж загина на пазарот Трстеница кога врз него паднал фрижидер со пијалоци. На социјалните мрежи се појави видео од надзорна камера на кое се гледа моментот на несреќата.

Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм профилот „192_rs“, до кое дојде порталот „Centralinfo.rs“, мажот го повлекол фрижидерот, кој се превртел и паднал врз човекот.

Припадници на МВР во Трстеник од ова место го привеле С.П.(49), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела изложување на опасност и тешка кражба во обид.

„Тој е осомничен дека не му помогнал на г.Т.(60) кој бил удрен од фрижидер пред локална продавница кој наводно заедно се обиделе да го ограбат. Од здобиените повреди починал г.Т.пишува во соопштението на Полициската управа во Крушевац.

По наредба на јавен обвинител во Трстеник, на С.П му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.