Skip to main content
Балкан

Србија до сега евакуирала 1800 свои граѓани од Блискиот Исток

10/03/2026  09:28

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Дамјан Јовиќ, изјавил дека евакуацијата од воената зона е исклучително сложена операција и дека досега околу 1.800 луѓе се вратени во Србија.

Тој за Радио Телевизија Србија изјави дека бројот на граѓани кои бараат евакуација се менува од час во час и дека Србија ги става сите свои капацитети во служба на нивната безбедност.

Според него, најголем број српски државјани биле во Обединетите Арапски Емирати.

„Од почетокот на конфликтот таму има неколку илјади наши граѓани, можеби дури и близу десет илјади. Во Катар има околу 1.300 луѓе. Сепак, не сите сакаат да се евакуираат“, рече Јовиќ.

За време на евакуацијата, Србија, рече тој, им помогнала и на граѓани на други земји.

„Исто така, евакуиравме голем број граѓани од други земји – од Австрија, Швајцарија и Италија до Обединетото Кралство, но и од земјите во регионот“, истакна Јовиќ, додавајќи дека помош им е обезбедена и на граѓаните на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска и Словенија.