
„Срам да ви е!“ – ова не беше само вик, туку гласот на родител кој изгубил дете и гледа како државата, наместо да бара одговорност, си ги пере рацете. Пред Собранието, во Скопје, родителите на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ директно го посочија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како најодговорен. Го обвинија за лаги, заштита на началници, соработка со партиското обвинителство и избегнување на вистинската одговорност.
„Уапси ли некого? Кај се тие криминалци? Зошто уште не се сменети началниците во Кочани и Штип?“, прашуваа со гнев. Но, наместо одговори – добија молк. Ниеден политичар, ниту од власта ниту од опозицијата, не излезе да ги сослуша. Собранието продолжи со седницата како ништо да не се случило, додека родителите надвор повикуваа на оставки и одговорност.
Ова не беше протест – ова беше сведоштво за колапс на довербата во институциите. Родителите веќе не веруваат во системот. Ги нарекоа политичарите „узурпатори“, „ботови“ и „соучесници“. Бараа отказ за сите, без разлика на партиска припадност. А кога еден родител кажа: „Ние веќе сме мртви, не не плашите со полиција – и тие се со нас“,