Skip to main content
Свет

Спречен терористички напад во Турција

23/12/2025  21:41

Уапсен е лидерот на ИСИС – Хорасан , Мехмет Горен. Според информациите, со ова апсење се спречени плановите на терористичката организација за напади за време на новогодишните прослави.

Горен, е познат под името Јахја, и се смета за главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан.

„Герен беше уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Разузнавачките агенции открија дека тој се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови“, потврдија турските власти.

Паралелно со ова, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.