Skip to main content
Хроника

Спречен обид за разбојништво во маркет во Чаир  

06/09/2025  13:17

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди” во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво.

Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар. Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух.

По преземените мерки, од слобода се лишени А.Х. и Е.А., а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.