Skip to main content
Македонија

Спикерот Гаши побара министрите да внимаваат како се однесуваат кон пратениците

28/02/2025  16:42

Денеска, на брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Африм Гаши порача дека секој може да ги искажува политичките ставови без навреди.
Пратениците се тие кои ги бираат министрите.

„Собранието има надзорна функција врз Владата, пратеничките прашања се алатка за постигнување на тој ефект и мислам дека особено Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците, а министрите на седницата за пратенички прашања знаат дека доаѓаат да одговараат на прашања, предупреди Гаши на брифинг со новинарите.

Ова беше негов став по вчерашната кавга, кога министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, од говорница ѝ рече на пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска дека нема право да зборува за потрошувачката кошничка затоа што нема деца и семејство. Петровска реагираше дека министерката сакала да ја навреди и да ја омаловажи и дека го достигнала дното.

Социјалните мрежи зовреа од осуди за кажаното од министерката за финансии.