Skip to main content
Македонија

Спасовски: Апсолутна невистина е дека во 2021 се донесла одлука за градење бегалски камп – тоа требаше да биде Центарот за странци

13/12/2025  17:55

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешно интервју ги негираше наводите кои денес ги истакнаа од владејачката партија, според кои владата предводена од СДСМ уште во 2018 година донесла План за градба на бегалски камп во Бардовци.

Спасовски ги демантираше ваквите обвинувања, истакнувајќи дека во 2021 година одлуката била за изградба на нова зграда на Центарот за странци, кој до денес е во стара зграда во Гази Баба.

“Тоа што министерот кажуваше дека Владата во 2021 донела одлука за градење бегалски камп во Бардовци – апсолутна невистина.

Владата донесе одлука да се гради преку европски проект нова зграда на Центарот за странци кој е дел од организациската структура на МВР.

Денеска го имаме Центарот за странци во Гази Баба, во објект кој не ги исполнува условите.

Тогаш Владата го прекина овој проект, погрешно според мене, ама тоа нема врска со мигранти или мигрантска криза”, кажа поранешниот министер Спасовски.

Видеото од изјавата можете да погледнете со клик ТУКА.