Skip to main content
Македонија

СП: Разрешениот директор на неврологија нема активна лиценца, па не може да му биде одземена

13/10/2025  12:16

Лекарската комора не може да му ја одземе лиценцата на разрешениот директор на Клиниката за неврологија доктор Игор Кузмановски затоа што тој моментално нема активна лиценца, дознава „Слободен печат“.

Откако на 15 март 2025 година му истекла лиценцата, тој барањето за нејзино продолжување го поднел дури минатата недела и постапката за лиценцирање му е во процедура во Лекарската комора. На страницата на Лекарската комора каде што се објавени списоците на лекарите кои располагаат со лиценца за работа, името на Кузмановски не фигурира.

Поднесеното барање од доктор Кузмановски за продолжување на неговата лиценца е во процедура, изјави тој самиот за „Слободен печат“. Прашањата што му ги упатија од медиумот се дали е точно дека лиценцата му истекла на 15 март 2025 и дека минатата недела побарал нејзино продолжување во Лекарската комора, дали работел како специјалист по неврологија во меѓупериодот без лиценца и зошто не ја продолжил на време. Прашан е и дали има законска можност избрано и именувано лице какво што Кузмановски беше до петокот, да не ја продолжи лиценцата во времето додека е директор.

-Поднесов за продолжување, во процедура е. На невролошки конгрес сум во Охрид во организационен одбор. Ве молам во овој тежок период за мене да ме поштедите, срце и душа давам за работата – одговорил докторот во порака.

Целиот текст на Слободен печат со клик ТУКА.