Skip to main content
Свет

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

14/01/2025  18:35

Советот на Европската унија го одобри приклучувањето на Швајцарија во проектот „Воена мобилност“, кој неофицијално се нарекува „Воен Шенген“.

Овој проект е создаден за да обезбеди брз трансфер на војници низ ЕУ, по пат, железница, море или воздух, без одложувања на границите.

„Учеството на Швајцарија ќе донесе значителни придобивки за проектот за воена мобилност“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Швајцарските власти поднеле барање за приклучување кон проектот во септември 2024 година, а земјата и официјално ќе стане членка откако ќе бидат завршени потребните административни процедури, пишува Дојче веле.

Канада, САД и Норвешка исто така беа поканети да учествуваат во „воениот Шенген“ во 2021 година, додека една година подоцна сличен предлог доби и Велика Британија. Во 2023 година, Кремљ ја нарече идејата за создавање „воен Шенген“ во Европа „поттикнување тензии“.