Skip to main content
Македонија

Советник на Мицкоски ќе стане уставен судија

12/02/2026  15:27

Советникот на претседателот на Владата, Гоце Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување, а на 18-ти се очекува да биде исгласан и на седница.

Наумовски е професор на Правниот факултет, брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски и како што соопшти Владата надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни работи.

Наумовски доаѓа на местото на професорката Јадранка Дабовиќ која си поднеде оставка од приватни причини