Skip to main content
Хроника

Соученици нападнале дете со нож во двор во училиште на Бит Пазар

21/05/2025  13:56

Соученици нападнале дете во двор во училиште на Бит Пазар.

Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 09.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, малолетник бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои употребиле остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.