
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, сè почесто може да се види по скопските кафани. Но додека траат тие „дружби“, граѓаните со право прашуваат: кој ги плаќа сметките и со чии пари се финансира неговата кампања?
Според јавни информации, преку фирмата „Алкалоид Конс“ се вршеле милионски набавки на лекови за Онкологија. Лекови кои доцнат, недостигаат и со чија навремена испорака буквално се спасуваат човечки животи. Наместо пациентите на Онкологија да ги добијат потребните терапии на време, јавноста се сомнева дека парите од овие тендери завршуваат во билборди, реклами и кафански сметки.
Докторите од Онкологија веќе предупредуваат дека доцнењата со терапиите се реалност која чини животи. А зад сцената – истите тие фирми добиваат нови тендери и нови милиони.
Затоа прашањето е едноставно: дали Карпош треба да го води човек кој седи по кафани и мести тендери, или оние што веќе изградија училишта, градинки, паркови и фасади?
Граѓаните на Карпош заслужуваат чесна работа и резултати – а не „кампањи“ платени со најчувствителните тендери во здравството реагираат од партијата ГРОМ.