Skip to main content
Македонија

Состојба на патиштата

27/03/2025  07:39

Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.