
Освен што се коси со Планот за управување со регионот, на местото каде секојдневно расте хотелот на Мијалкови на ридот Горица е уништена шума стара 70 години велат активистите на Охрид СОС и иницијативата О2 според кои општината и државата не ја почитуваат одлуката на комитетот на Унеско да ја запрат изградбата на градби во Студенчишкото блато, Горица Север и Горица 3 се додека не се направи стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и оценка на влијанието врз наследствто.
„На таа локација во 2011 година е подметнат пожар каде горат треви и борови.Според МВР поради немање соодветна пријава од инспекторатот за пожари нема водено истрага за предизвикан пожар.Теренот се расчистува, а покрај изгореното се сечат и здрави стебла. Се добива огромен простор која останува така безмалку една деценија.” – пишуваат од Охрид СОС.
Хотелот е на парцела од 15.778 м2, на една од најатрактивните локации близу претседателската вила Билјана.
„По планот за менаџирање на Охрид ги исполнува условите, затоа што не е во линијата на 50 метри од Охридско Езеро. Може да исполнува катност П плус три и 40 % искористеност на градба, а овој објект е прв спрат, минус еден и минус два, не е ниту четири спрата туку е три спрата и е 22% искористеност на парцелата.- велат од општината.
Целиот текст на Телевизија 24 со клик ТУКА.