
Сопственикот на барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана ѝ е познат на француската правда по претходни дела поврзани со подведување.
Жак Морети, по потекло од Корзика, кој заедно со својата сопруга Џесика е под истрага во Швајцарија за убиство од небрежност, веќе отслужил затворска казна во 2005 година за кривични дела извршени пред дваесетина години. Француските сопственици го презеле барот во 2015 година и извршиле обемни реновирања, кои сега се предмет на истрагата заедно со евентуалната одговорност на локалната општина.
Во трагичниот пожар загинаа 40 лица на возраст од 14 до 39 години, од кои половината се малолетници, а 116 лица се повредени. Во несречата животот го загуби и еден македонски државјанин. Според официјалните податоци на властите, меѓу жртвите има 22 Швајцарци и 18 странци, од кои деветмина се француски државјани. Меѓу повредените, покрај домицилното население, регистрирани се и 23 Французи и 12 Италијанци.

