Skip to main content
Хроника

Сопственик на локал во Тетово нападнат поради претходни недоразбирања

28/07/2025  18:28

На 27 јули околу 13:30 часот, во угостителски објект во Тетово се случил физички напад врз 50-годишниот сопственик З.Х., кој во 14:05 часот го пријавил случајот во СВР Тетово.

Според пријавата, напаѓачот бил лицето Ф.М. од Тетово, а причината за нападот биле претходни недоразбирања меѓу двајцата. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.