Skip to main content
Македонија

Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари

25/11/2025  14:51

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР.

Првопријавениот М.С. во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.

Пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, со што го оштетиле државниот буџет.