
Сопруга на екс министерот за надворешни работи од ДУИ Бујар Османи, Валбона Османи сподели статус од локалната канцеларија на ДУИ во Кичево, во кој дава поддшрка за министерот за економија Крешник Бектеши, кој во моментов е во притвор за дејствија поврзани со лиценцата на опожарениот клуб „Пулс“ во Кочани.
“Молчиме затоа што ја чувствуваме болката на семејствата на загинатите во Кочани.
Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работата.
Но, немојте да мислите дека нашиот молк е слабост и ќе ви дозволиме да се скриете зад невините.
Затоа, делувајте правилно и брзо, дури и трпението има граница”, пишува во статусот, кој завршува со паролата „Со Крешник“.