Skip to main content
Магазин

Сопругата на Андреј: „Јана за 7 дена порасна како за 7 години“

23/03/2025  10:42

Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на бендот ДНК кој трагично загина во пожарот во Кочани, зад себе ја остави сопругата Наталија и ќерката Јана. 

Пејачот честопати на социјалните мрежи знаеше да сподели фотографии од својата русокоса убавица со сини очи, но сега сопругата остана да ја споделува тагата.

Таа сподели дел од разговор со нејзината ќеркичка, чија изјава допира длабоко до срцето и распарува душа, а потсетува колку е силна љубовта и врската помеѓу родител и дете.