Skip to main content
Хроника

Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило

18/09/2025  13:38

Во ОВР – Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес. 

Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување.