Skip to main content
Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози

18/02/2025  07:42

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

MK Summit

Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.