Skip to main content
Македонија

Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци

15/01/2025  07:40

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи.

MK Summit

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ.

Забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, Tетово–Попова Шапка и на планискиот премин Струмица – Берово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.