Skip to main content
Македонија

Сообраќајот непречено во зимски услови

19/12/2024  08:38

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 80м. има на патниот правец од Жеровјане-Групчин, информира утрово АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На магистралниот пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе се врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 до завршување на градежните работи.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година