
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 10:30 часот во Скопје се случила сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Народни херои“ и „Вера Јоциќ“.
Според пријавеното, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишната С.М. од Скопје, удрило во 76-годишната пешачка Ш.П., исто така од Скопје.
Во несреќата Ш.П. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

