Skip to main content
Хроника

Сообраќајна несреќа на патот Велес – Градско Сообраќајот е во прекин

22/09/2025  08:38

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 6.25 часот сообраќајот е во прекин поради вршење увид, соопшти Авто мото сојузот.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.