Skip to main content
Хроника

Сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп, тешко повреден прилепчанец

18/06/2025  13:04

Вчера во 08.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Н., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.