Skip to main content
Хроника

Сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Скопје

23/02/2026  16:34

Осум возила биле дел од сообраќајка на автопатот Штип – Скопје која се случила утринава информираат од МВР.

– Денеска, 23.2.2026, околу 7 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, по наплатната станица „Преод“ во насока кон Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила – соопштуваат од МВР.

Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, а за тоа колку лица се повредени во несреќата и за причините најавија дека ќе информираат во текот на денот