Skip to main content
Хроника

Сообраќајна несреќа кај Маврово предизвика застој на патот Стража–Гостивар

28/08/2025  12:09

Денеска на регионалниот пат Стража–Гостивар, во близина на раскрсницата за Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.

Според првичните информации, засега нема потврдени податоци за повредени лица, но на местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници.

Полицијата во моментот го регулира сообраќајот, кој се одвива со отежнато движење додека трае увидот. Причините за несреќата ќе бидат дополнително утврдени.