Skip to main content
Македонија

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

30/12/2025  22:02

Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип, на делницата село Долни Подлог – село Тркање, е во прекин поради сообраќајна незгода.

АМСМ соопшти дека сообраќајот се пренасочува преку село Тркање кон експресниот пат Кочани – Штип.