Skip to main content
Хроника

Сообраќајка во Волково – тешко повреден мотоциклист

03/06/2025  14:18

На 02.06.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(30) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Г.(50) од Скопје, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.