Skip to main content
Хроника

Сообраќајка во Скопје: Двајца возачи тешко повредени

03/06/2025  14:31

На 02.06.2025 во 16.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Тодор Александров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(53) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(77) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, известија од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.