Skip to main content
Хроника

Сообраќајка во Кичево: Дете со електричен тротинет е тешко повредено

11/08/2025  14:31

Малолетник е тешко повреден откако со електричниот тротинет се судрил со возило во Кичево.

– На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, известија од полицијата во дневниот билтен.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.