Skip to main content
Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид, маж е пренесен на скопските клиники

14/06/2025  14:57

Маж е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Вчера во 08.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, поточно кај селото Ново Село, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од село Желино тетовско и патничко возило „форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(52) од село Биџево, струшко.

Во несреќата Ј.Џ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, кој што потоа поради сериозноста на повредите, е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од МВР.

За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, а увид е извршен од судски вештак и увидна екипа од СВР Охрид.