
23-годишен возач на „голф“ е тешко повреден при судир со „сканија“ на автопатот „Пријателство“.
– На 30.10.2025 во 12:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Гевгелија кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Х.(23) од Гевгелија и товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Х., констатирани во Општа болница Гевгелија, известија од полицијата за несреќата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

