Skip to main content
Хроника

Сообраќајка на автопатот кај Петровец – итните служби на лице место

09/01/2026  22:46

Вечерва на автопатот Скопје–Велес, во близина на Петровец, се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина).

На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба. Поради интервенцијата и спроведувањето на увидот, сообраќајот се одвива забавено, со повремени краткотрајни застои, но истиот не е целосно блокиран и возилата се пропуштаат.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, а повеќе детали се очекуваат по завршување на полицискиот увид.