Skip to main content
Македонија

Сончево време со температури до 20 степени, од наредна недела дождови

22/03/2025  08:09

Сончево со умерена облачност предвидува УХМР за денес. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд(над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер.