Skip to main content
Македонија

Сончево и топло со температури до 36 степени

06/09/2025  08:07

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен од северен правец.

Очекуваната максимална температура во земјата ќе достигне од 28 до дури 36 степени, додека утринските минимални ќе се движат меѓу 7 и 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината ќе биде повремено засилен. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 35 степени.

Според најавите на УХМР, во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе преовладува стабилно, претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност.