
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во утрнските часови се движат од 11 во Берово и Маврово, до 20 во Гевгелија, а дневните ќе достигнат вредност до 35 степени целзиусови.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Во петок и во сабота ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.