
Денеска времето сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.
Утрото ќе биде релативно свежо, со минимални температури кои ќе се движат од 11 до 22 степени, но преку денот термометарите ќе се искачат на вредности меѓу 34 и 40 степени.
Метеоролозите предупредуваат на зголемен ризик од топлотни бранови и апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во најжешкиот дел од денот, особено од 11 до 17 часот, и да внесуваат доволно течности.