Skip to main content
Култура

Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

02/05/2025  09:55

Солунскиот државен симфониски оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис.

MK Summit

На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годишнината од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”

Сопран: Мирто Папатанасиу
Пијано: Симон Трпчевски
Диригент: Владимирос Симеонидис

Билети : 1000 денари – 1500 денари
https://www.filharmonija.mk