Skip to main content
Македонија

Собраниската комисија за АНБ закажана за 10 септември

05/09/2025  20:40

Собранието извести дека Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година.

Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните.