Skip to main content
Македонија

Собранието продолжува со работа на 3 нормври

28/10/2025  13:40

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија ја свика шеесет и деветтата седница, која ќе се одржи на 3 ноември 2025 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот.

На седницата, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред пратениците.

Седницата ќе се одржи во сала „Македонија“ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.

Ова е редовна активност на Собранието која овозможува размена на искуства и дискусии со претставници на меѓународни институции, со цел зајакнување на парламентарната соработка и европските интеграции на земјата.

Засега нема информација дали Русопулос ќе има и билатерални средби со Премиерот, Христијан Мицкоски и Претседателката, Гордана Силјановска Давкова