Skip to main content
Македонија

Собранието го ратификува договорот со Велика Британија вреден 6 милијарди евра

28/05/2025  18:12

Со 76 гласови „ЗА“ и 6 „ПРОТИВ“, Собранието на Република Северна Македонија попладнево го ратификуваше договорот за инвестиции со Велика Британија, тежок 6 милијарди евра.

Договорот беше потпишан на 22 мај во Лондон од страна на Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, во име на македонската Влада.

Но, СДСМ реагираше остро. Координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, изјави дека договорот е правно ништовен, бидејќи во англиската верзија стои дека е потпишан од “заменик претседател на државата” – функција која не постои во Уставниот поредок на Северна Македонија.

„Ова е сериозен пропуст и го доведува во прашање легитимитетот на целиот документ. Ваков правен аматеризам не смееше да се случи кога се работи за договор од 6 милијарди евра“, рече Спасовски од собраниската говорница.

И покрај забелешките, договорот беше изгласан со поддршка од владејачкото мнозинство.