По информациите за предлогот на Архиепископот Стефан новоизбран митрополит на Дебарско-Кичевската епархија да биде монахот Георгиј денеска во Скопје на плоштадот Македонија се одржа протест од страна на верниците поради начинот на избор на нов митрополит на оваа епархија.
Во своето известување Архиепископот напиша дека го предлага јеромонахот Георгиј за ракополагање во епископски чин и избор на Митрополит за Дебарско-кичевската епархија. Отец Георгиј, или поранешниот декан на Богословскиот факултет и ексамбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27 мај. Следниот ден на 28 е произведен за јероѓакон, а потоа избран за јеромонах. Според предлогот на Архиепископот, на 12 јуни треба да биде избран за Епископ и за Митрополит, после само 16 дена од замонашувањето, што предизвика бурна реакција од страна на јавноста, особено поддржувачите на епископот антаниски г.Партениј, кои сметаат дека игуменот на Бигорскиот манастир има повеќе право да го наследи г.Тимотеј отколку скорозамонашениот Георгиј.
Поддржувачите на г.Партениј на денешниот собир на транспаренти испишаа пораки “И ние сме деца на МПЦ”, “Епископ Партениј за митрополит, “Дедо Партениј те сакаме” во знак на негова поддршка.