Skip to main content
Хроника

Со возило удрен пешак во Дебар, се здобил со тешки телесни повреди

21/02/2026  14:13

Осумдесет годишен дебранец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил негов сограѓанин со патничко моторно возило.

На 20.02.2026 околу 20.55 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на ул. „Иса Болетини” во Дебар патничко возило „фолксваген голф” со дебарски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(20) од Дебар удрило во пешакот Н.Л.(80) од Дебар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо”.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.