
На 02.01.2026 во 17:45 часот во с.Стримница, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б.(34) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во просториите на општина Желино со остар предмет се заканувал на Б.С.(40) од с.копачин Дол, градоначалник на општина Желино.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

