Skip to main content
Хроника

Со мотоцикл удрил пешак и побегнал, приведен велешанец

08/07/2025  12:53

На 07.07.2025 во 19.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Н.(21) од село Раштани, велешко.

Тој на 26.06.2025 на улица „8 Септември” во Велес, управувајќи мотоцикл, удрил во пешакот П.З.(79) од Велес и побегнал од местото на настанот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.

По преземени мерки, В.Н. е пронајден и приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.