Skip to main content
Хроника

Со хебла, пиштол и маска на лицето, 72-годишник се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити во Битола

18/01/2025  14:12

Со хебла, пиштол и маска на лицето, 72-годишник се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити во Битола.

Против лицетот Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка под основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 72-годишник на 15 јануари 2025 година влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска“ во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото. Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено. При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.